Tuesday, January 3, 2012

Тестаментот на Алкесандар III Македонски



 Тестаментот е направен од Александар Македонски, син на Иле (Бог на Сонцето) и Олимпија.

1. Ако моето дете од жена ми Роксана е машко, тој пред сите други треба да биде ВЛАДЕТЕЛ на Македонија, а во... меѓувреме, синот на Филип, Аридеј, да биде лидер на Македонците. Ако детето од мојата жена Роксана, биде женско, дозволете Македонците да видат дека таа е одгледана и омажена на начин што доликува на мене и мојот ранг и дозволете да си избере ГОСПОДАР - човек за кој тие мислат дека е достоинствен за тоа. Човекот така избран треба да биде ВЛАДЕТЕЛ на Македонија...

2. На мојата мајка Олимпија и го доделувам правото да живее на Роди, место кое таа го пожелува и ВЛАДЕТЕЛOT на Македонија треба секоја година да проверува дали и се дава се што и се давало за време на мојот живот.
Додека Македонците одлучат да наименуваат ВЛАДЕТЕЛ, ВЛАДЕТЕЛOT Александар, син на Иле и Олимпија, го одредува Кратер за надгледувач на целa Македонија и му ја дава за жена Кинани, ќерката на Филип, поранешниот владетел на Македонија. Лизимах, го ставам одговорен за Тракија и за жена му ја доделувам Солуника, ќерката на Филип, поранешниот владетел на Македонија (ПС. - Калл. 3.33.13). Леонaнт го задолжувам за Хелеспонт и му ја давам раката на сестрата на Холкид, Клеона. Го назначувам Еумен, мојот секретар, за владетел на Кападокија и Пафлагонија.

3. Изјавувам, островите да бидат слободни: да ги задржат нивните претходни посесии и да бидат автономни.

4. Го назначувам Антигон, владател на Памфлија, Луција и Голема Фригија и го ополномоштувам за Карија и Асандер, како и територијата која што лежи под реката наречена Халис, преку оваа земја го назначувам владетел Антипатар. Владетел за Силисија е Никанор, a Питон за Сирија, воедно и за т.н. Месопотамиска Линија. Bабилон и неговите придружни територии ги доделувам под команда на Селевк, кој е мој воен придружник. За Феникија и Келе-Сирија го ополномоштувам Мелагер. Египет го оставам на Птоломеј и им го одобрувам бракот со мојата сестра Клеопатра.

5. За владеење на областите кои лежат помеѓу границите на Bабилон и Бактрија, го назначувам Пердика. Народот на Роди треба да се награди со 300 таланти злато од владетелското богатство за разубавување на нивниот град, воедно и 40 тримери и слободна годишна надокнада од 20.000 медимни Египетско жито и 20.000 медимни пченица од регионите од Азија, придодадени на Род и. Исто така, давам команда за преместување на гарнизонот, што јас го оставив таму.Свештениците во Египет да бидат наградени со 2.000 таланти единици злато од јавниот приход.

6. Јас Александар Македонски не сакам моето тело да биде закопано,да биде фрлeно во реката Еуфрат, секако да не се знае местото на МОЈОТ гроб.

7. На Тебјаните од Беотија, да им се доделат 300 таланти за реновирање на нивниот град, а на оние што принудно избегаа од таму како резултат на војната, им го надокнадувам нивниот имот од кој ги лишив. Сметам дека достатно беа казнети со нивната сесрдна опозиција кон мене. На Атињаните да им се додели златен трон за храмот во Минерва и златни службени алишта. Моето лично оружје и одликувања и 1000 таланти единици сребро да се остави во храмот на Хера на Арг, додека во храмот на Иле во Делфи сите слоновски оружја и две кожи од змии, а воедно и 100 златни суди садови со кои се чествувале Боговите. На народот Милес и од Книдија да им се доделат по 150 сребрени таланти.




8. Тасе (Таџил) да биде владетел на оние делови од Индија кои граничат со Индиската река, Пoр (Пер) на оние делови помеѓу реката Хидаспес и Хиндус. Го назначувам таткото на мојата жена, Роскана, за владетел на Паропанисада и Сибиртија, да владее со Арахосија и Кедросија. Командата ја предаваме на Стамен (Стасанор) од Соли за да владее со Арија и Арангија.
Филип да владее со Бактријците. Партеја што ја придружува Хиркалија јас ја давам на Фратафернеј, а Карманија на Тлеполем. Пеце (Пеуцестас) треба да владее над Персијанците. Од сите владеења да биде изоставен Оксидат, а Кратер да владее со Медеа. Аргир (Аргaj) да биде отстранет од Сусија, а Коен (Kоeн) да владее наместо него.

9. За владател на Илирите го назначувам Холкија и го наградувам со орден од 500 реквирирани, одземени коњи и 3000 таланти сребреници, кои треба да ги искористи за правање статуи на Александар, Иле, Минерва, Херкул, Олимпија и мојот татко Филип и нив да ги смести во гробницата на Олимпија. На луѓето на кои им доделив високи функции да постават позлатени статуи на Александар во Делфи, Егеа и Пела. Птоломеј да постави позлатени статуи во Египет на Александар, Иле, Минерва, Херкул, Олимпија и поранешниот владетел на Македонија, Филип Македонски.
10. Сведоци на ова да се нашиот предок Херкул, Минерва, Иле (Бог на Сонцето) и успехот на Александар. Доколку некој од наброените, постапи спротивно на моите одредби, јас ги преколнувам Македонските Богови и македонците, да не го остават неказнет за тие недела и да биде одговорен за кривоклетството пред Боговите и луѓето.                                                       

No comments:

Post a Comment