Tuesday, January 3, 2012

Александар МАКЕДОНСКИ во странските легенди

   


Занимливо е тоа што денес Алекдандар е во меморијата на луѓето " КАКО ТОЈ ШЕТАЛ СО ЈАРЕШКИ РОГОВИ"..бидејќи Александар имал дијадема на лик од јарешки рогови така што го имитирал Дион .
Постојат легенди за Александар Македонски кај повеќе народи! Византиската легенда била објавена во 1388 година! Грандиозната улога која Александар Македонски ја одиграл во светската историја, го ...направила да биде најпознатиот Македонец на сите времиња. Неговите походи, најмногу остварени поради желбата да открива нови територии и да доаѓа до нови сознанија, како и неговите пораки за братство меѓу народите, направиле тој да биде почитуван до ден денес. Неговиот лик останал во позитивна конотација во легендите и во преданијата на многу народи. Легендите и преданијата за Александар почнале да се јавуваат и да се развиваат уште непосредно по неговата смрт.
Со текот на времето тие добивале сè пофантастични елементи во својата содржина. Така, во некои од нив, Александар ги истражува необичните појави на небото и под водата, наидува на најразлични чудовишта, се среќава со чудни народи, доаѓа до изворот на бесмртност и сл. Се смета дека легендите и преданијата за Александар добиле силен импулс во средниот век. Познатиот проучувач на оваа тема д-р Елис, откако ги проучил легендите и преданијата за Александар, заклучил:
"Легендите за Александар, вистинити или фалшливи, ги има на осумдесет јазика, од Исланд до Малезија" ("History of Western Civilization" by Dr Ellis L. Knox Boise State University, USA, 1996).
И навистина, тешко дека постои случај на друга личност од историјата за која постојат легенди меѓу најмалку осумдесет народи. Во врска со општите карактеристики на овие легенди и преданија, во продолжение на својот текст д-р Елис пишува:
"Сè што е поврзано со Александар е презголемено во однос на нормалното, како во неговите истражувања кои навистина се случиле, така и во оние кои биле измислени. Низ целата древнина големите војсководци сонувале да го имитираат Александар. Во средниот век неговиот лик станал неодминлива фигура во легендите".
За легендите од разни народи, поврзани со Александар Македонски, денес во светот се напишани повеќе статии и книги. Во 1977 година во Гронинген (Холандија) бил одржан и симпозиум на тема за преданијата и легендите поврзани со смртта на Александар Македонски. Трудовите од овој симпозиум биле објавени во зборникот "Александар Велики во средниот век" ("Alexander the Great in Middle Ages" Groningen, Netherlands, 1977). 
Во поново време, треба да се одбележи книгата на Ричард Стонмен, под наслов "Легендите за Александар Велики" (Richard Stoneman: "Legends of Alexander the Great. London and Rut- land, Vermont: J. M. Dent and Charles E. Tuttle, 1994), од која во продолжение ќе наведеме неколку податоци. Има и други книги делумно посветени на оваа тема, кои ќе ги спомнеме во продолжение. Поради фактот што Александар Македонски се појавува во легендите на толкав број народи, сигурно дека за таа тема треба и кај нас да се изработи посебен труд. 


                                                                                                             

ИРАЧКА ЛЕГЕНДА:


Во оваа легенда се раскажува дека Александар Македонски на врвот на главата имал два рога, кои ги криел под косата. Секоја седмица тој ангажирал берберин да му ја стриже косата, но бидејќи се срамел дека берберинот ќе ја откр...ие неговата тајна, по секое стрижење веднаш наредувал берберинот да се убие. Набрзо во градот снемало бербери и останал само еден стар Евреин. Александар помислил:
"Ако го убијам и овој берберин, тогаш кој ќе ми ја стриже косата?"Така, Александар му наредил на берберинот да се заколне дека никому нема да му ја издаде тајната. Во спротивно, му се заканил дека ќе ја изгуби главата. Берберинот со недели ја чувал тајната, но најпосле не можел да издржи. Од една страна, интересното сознание го притискало да каже некому, но од друга, се плашел за својата глава. Тогаш му текнало сепак да ја искаже својата тајна, но никој да не го слушне. Отишол надвор од градот и влегол во една пештера, каде на цел глас почнал да вика:
"Александар има рогови! Александар има рогови!"
Така му се олеснило на душата и задоволен се вратил дома, сигурен дека никој не го слушнал. Но, низ пештерата минувала една рекичка, покрај која растеле трски. Еден ден, некој овчар влегол во пештерата и пресекол трска за да си направи свиралка. Кога почнал да свири, низ свиралката се разлеале зборовите:
"Александар има рогови! Александар има рогови!"
Многумина го слушнале тоа и ова чудо набрзо дошло до ушите на царот Александар. Тој многу се налутил и наредил веднаш да му го доведат берберинот. Кога дошол берберинот, Александар му рекол дека ќе нареди да го убијат. Берберинот почнал да го моли Александар да не го убива и му раскажал што се случило. Александар, кога ја слушнал приказната, му простил и го пуштил дома.
Од оваа легенда произлегла една мудра и помалку комична ирачка поговорка, која гласи:
"Ако царевите можат да имаат рогови, тогаш и пештерите можат да имаат уши" (Iraqi Jewish legend; Edoth I: 184-185 A. Ben Yaakov. English language source: Patai. In: The Classic Tales: 4,000 Years of Jewish Lore. Ed. Ellen Frankel NJ: Jason Aronson Inc., 1989).





ВИЗАНТИСКА ЛЕГЕНДА:

Постои византиска легенда поврзана со причините за смртта на Александар Македонски. Оваа легенда била објавена во 1388 година. Според неа, кога Александар се вратил во Вавилон, некоја жена родила необично дете, кое било п...оловина човек - половина чудовиште. Човечкиот дел од телото бил мртов, а делот на чудовиштето жив. Кога го видел ова, еден од претскажувачите на Александар изјавил дека Александар ќе умре во Вавилон, а неговите наследници ќе продолжат да владеат. Така и се случило. Во Македонија, Антипатер се побунил против власта на Александар, поради што Олимпија го повикала Александар на помош.
За да го спречи неговото враќање, Антипатер испратил отров, кој бил толку силен, што морал да се носи во железна кутија. Отровот бил ставен во виното на Александар од страна на неговиот виноносец Јола. Додека Александар умирал неговата сопруга Роксана го негувала до последниот момент. Пред смртта, Александар ги повикал Пердика, Птолемеј и Лизимах, на кои им ја кажал својата последна желба. Потоа Александар заминал на небото, а оттаму една ѕвезда паднала право во морето. Истовремено, статуата на Ce во Вавилон се урнала на земјата. Потоа ѕвездата од морето повторно се вратила на небото, следена од еден орел. Александар бил погребан во Александрија од страна на Птолемеј (W.J. Aerts in: "Alexander the Great in Middle Ages", Groningen, Netherlands, 1977).

Алфонсо Десетти од Кастиља во 1280 година објавил легенда за Александар Македонски!

И персискиот поет Нисами во 12 век објавил легенда за Александар Македонски!

Романската легенда за Александар Македонски најверојатно потекнува од 1560 година. Нејзината содржина е слична на содржината на една српска легенда за Александар. И оваа легенда е посветена на смртта на Александар во Вавилон. Кога Александар се вратил во Вавилон, тој таму повторно се соединил со Роксана. Тогаш на сон му излегол пророкот Еремија, кој му ја претскажал смртта. Александар се разбудил вознемирен, но го утешиле Птолемеј и Филота. Тогаш Аристотел и Олимпија дошле во Вавилон. Еден свештеник од Ерусалим пристигнал во Вавилон и го известил Александар дека пророкот Еремија починал. Александар наредил Еремија да биде погребан во Александрија. Но, и Александар бил убиен откако го отрул синот на Минерва, која потекнувала од Македонија. Пред смртта Александар им ја поделил империјата на Птолемеј, Филота, Роксана и Олимпија. Претскажал дека во иднина со Македонија ќе владее некоја азиска сила (мислејќи на Отоманската империја). Тој побарал да биде погребан во Александрија и рекол дека никогаш нема да се појави човек како него т.е. дека никогаш нема да има "втор Александар". Тогаш, покрај посмртната постела дошол неговиот коњ Букефал и пуштил солзи поради својот господар. За да не се мачи Александар во претсмртната агонија, Букефал го удрил со копитата и така тој починал. Александар починал во Ерусалим и по него жалеле сите шуми, реки и планини. Од жал, Роксана извршила самоубиство, откако се прободела со копјето на Александар (A.N. Cizek in "Alexander the Great in Middle Ages" Groningen, Netherlands, 1977).



ШПАНСКА ЛЕГЕНДА:

Шпанската легенда за Александар Македонски е објавена во 1280 година од страна на Алфонсо Десетти од Кастиља. Според оваа легенда, една жена родила половина човек, а половина чудовиште. Претскажувачот на Александар Македонски ова го објаснил со зборовите дека Александар набрзо ќе умре и дека ќе има војна меѓу неговите наследници. Потоа Александар и навистина бил отруен, а отровот го подготвил Антипатер, кој го испратил од Македонија во железна кутија. Отровот го донел синот на Антипатер, по име Касандар и му го дал на Јола, кој кришум го сипал во виното на Александар. Откако Александар сфатил дека ќе умре, се обидел да се самоубие, фрлајќи се во Еуфрат, но Роксана го спасила. Пред да умре Александар ја кажал својата последна желба. Тој рекол дека сака да биде погребан во Александрија и дал инструкции за својот погреб и за гробот. Во моментот кога умирал Вавилон бил погоден од силна бура и од земјотрес, а настапило и затемнување на Сонцето. Пред да умре испратил писмо до Олимпија, во кое побарал таа да организира голема прослава по неговата смрт. Таа постапила така, но никој од поканетите не дошол на прославата. Александар бил погребан во Александрија во златен ковчег. (W.L. Jonnxis-Henkemans in: "Alexander the Great in Middle Ages" Groningen, Netherlands, 1977).

ПЕРСИСКА ЛЕГЕНДА:

Оваа легенда за Александар Македонски ја запишал персискиот поет Нисами во 12 век. Според нејзината содржина, за време на својата експедиција кон исток, Александар дошол и во Кина, каде пристигнал од Индија преку Тибет. Нисами го опишал натпреварот меѓу уметниците кои Александар ги водел со себе и кинеските уметници (Улрих Вилкен, цит. дело, с. 351).

ХОЛАНДСКА ЛЕГЕНДА:
Холандската легенда за Александар Македонски била објавена околу 1260 година од монахот Јаков ван Мерлант. 
Според оваа легенда, овој свет за Александар бил премал, па затоа тој одлучил да освојува и други светови. Тоа ги налутило натприродните сили, кои решиле да му се одмаздат. Така, суштествата од пеколот создале отров, кој бил доволно силен за да го убие Александар. Овој отров тие му го дале на Антипатер. Во меѓувреме, Александар напредувал во Индија, заедно со својот нов сојузник Пор. Тој дошол во пределите во кои претходно не стапнале ниту луѓето, ниту боговите.
Во една од тие земји тој наишол на две дрва - Дрвото на месечината и Дрвото на сонцето. На овие дрва се појавила пораката за неговата блиска смрт. Тоа го виделе и неговите војници, кои го придружувале, но Александар ги предупредил да не ја шират веста. Кога се вратил во Вавилон, Александар примил пратеници од Галија, Картагина, Германија, Шпанија, Италија, Сицилија, Британија, Норвешка и Данска. Кога тие го виделе Пор веднаш до него, сфатиле дека Александар е цар, кој лесно простува и дека е најдобро да му се предадат. Им кажал дека сака да го освои цел свет. Но, следното утро Александар бил отруен, откако се напил од виното во кое бил ставен отровот.
Пред смртта им кажал на своите војници дека четири џинови планирале да го освојат рајот и да го симнат од власт неговиот татко Јупитер, па затоа боговите решиле да го повикаат Александар на небото за да војува против џиновите и да му помогне на татко му. Потоа Александар умрел. Така, човекот за кој цел свет бил мал, останал да лежи во гроб од пет стапки. Подоцна, Птолемеј го префрлил неговото тело во Александрија (K.A. de Graaf in: "Alexander the Great in Mid- dle Ages" Groningen, Netherlands, 1977).

No comments:

Post a Comment