Tuesday, January 3, 2012

Прво македонско училиште

 
                                               

ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ „МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ"




Македонискија Голос", 1913 г.
Во време на турското господство македонските Словени за сето време не престанува да водат свесна и упорна борба, отпрвин за својата независност, а откако конечно биле покорени од Турците, за своето ослободување од турскиот јарем. Тие кревале многубројни востанија, често ги поразувале Турците,но, се разбира, на крајот од краиштата, востанијата секогаш биле задушувани во потоци од македонска крв.Тие земале учество и во ослободителната борба на своите соседи - Србите, Грците и Бугарите - чијашто слобода била извојувана со усилбите и сопомошта и од Македонците. Така, во време на Руско-турската војна 1877-78 г. 2/3 оддоброволците од балканските Словени биле Македонци. Имињата на ЃорѓиПулевски, Стојан Везенковски, Попот Буфски и на цела плејада други што зелеучество во херојската борба на крстот, со полумесецот, многу им зборуваа, а и сегауште им зборуваат, на срцата на Јужните Словени. И ако Македонија, и по за неа несреќниот Берлински конгрес мораше да остане под господството на Турците,тоа е само затоа што таа се наоѓаше поблиску од сите други Словени до административните центри на Отоманската империја, како што е Цариград, Одрин, Солун, Македонија можеше да се ослободи само заедно со конечното пропаѓање на Турција во Европа.Берлинскиот конгрес кој го предаде македонскиот народ во жртва на одмаздата наразбиените Турци, кои знаеја каква улога игра македонските одреди во за нив несреќната војна, предизвика експлозија на очајот и негодување по цела Македонија. Целиот народ, како еден човек, се крена и започна несрамна борба против Турците за своето ослободување. Востанието траеше повеќе од една година и заврши, се разбира, со победа на озлобените Турци, кои најпосле, ја разурнаа таа несреќна земја. Многу села, па дури и градови, беа изгорени, многу народ беше исклан, амакедонската интелигенција беше делум истребена, делум најде спас во бегството во слободните држави.Без оглед на ваквото крваво задушување на востанието, ослободителната идеја не ги напушти Македонците. Сите 35 години, колку што изминаа од Берлинскиот конгрес, па се до сегашната војна, се една крвава страница на непрекинатаги-гантска борба на македонскиот народ за своето ослободување.Стотици илјади жртви што тој ги принесе на олтарот на татковината го искупија правото на Македонија на слобода...Само за едно петлетје - од 1898 до 1903 година - имаше повеќе од 400 судири меѓу Македонците и Турците.Упорната востаничка борба против Турците се раководеше од таканаречената Внатрешна организација, која во текот на 10 години (до познатото востание во 1903 година), изврши чудесно дело: дотогаш неорганизираните, проникнати само со духна протест и востание, елементи таа ги претвори во дисциплинирана силна војска, која беше во состојба да им дава отпор на насилниците. Највидните дејци на таа организација беа Гоце Делчев и Дамјан Груев. „Македонски глас", Институт за национална историја.                                    

Тестаментот на Алкесандар III Македонски



 Тестаментот е направен од Александар Македонски, син на Иле (Бог на Сонцето) и Олимпија.

1. Ако моето дете од жена ми Роксана е машко, тој пред сите други треба да биде ВЛАДЕТЕЛ на Македонија, а во... меѓувреме, синот на Филип, Аридеј, да биде лидер на Македонците. Ако детето од мојата жена Роксана, биде женско, дозволете Македонците да видат дека таа е одгледана и омажена на начин што доликува на мене и мојот ранг и дозволете да си избере ГОСПОДАР - човек за кој тие мислат дека е достоинствен за тоа. Човекот така избран треба да биде ВЛАДЕТЕЛ на Македонија...

2. На мојата мајка Олимпија и го доделувам правото да живее на Роди, место кое таа го пожелува и ВЛАДЕТЕЛOT на Македонија треба секоја година да проверува дали и се дава се што и се давало за време на мојот живот.
Додека Македонците одлучат да наименуваат ВЛАДЕТЕЛ, ВЛАДЕТЕЛOT Александар, син на Иле и Олимпија, го одредува Кратер за надгледувач на целa Македонија и му ја дава за жена Кинани, ќерката на Филип, поранешниот владетел на Македонија. Лизимах, го ставам одговорен за Тракија и за жена му ја доделувам Солуника, ќерката на Филип, поранешниот владетел на Македонија (ПС. - Калл. 3.33.13). Леонaнт го задолжувам за Хелеспонт и му ја давам раката на сестрата на Холкид, Клеона. Го назначувам Еумен, мојот секретар, за владетел на Кападокија и Пафлагонија.

3. Изјавувам, островите да бидат слободни: да ги задржат нивните претходни посесии и да бидат автономни.

4. Го назначувам Антигон, владател на Памфлија, Луција и Голема Фригија и го ополномоштувам за Карија и Асандер, како и територијата која што лежи под реката наречена Халис, преку оваа земја го назначувам владетел Антипатар. Владетел за Силисија е Никанор, a Питон за Сирија, воедно и за т.н. Месопотамиска Линија. Bабилон и неговите придружни територии ги доделувам под команда на Селевк, кој е мој воен придружник. За Феникија и Келе-Сирија го ополномоштувам Мелагер. Египет го оставам на Птоломеј и им го одобрувам бракот со мојата сестра Клеопатра.

5. За владеење на областите кои лежат помеѓу границите на Bабилон и Бактрија, го назначувам Пердика. Народот на Роди треба да се награди со 300 таланти злато од владетелското богатство за разубавување на нивниот град, воедно и 40 тримери и слободна годишна надокнада од 20.000 медимни Египетско жито и 20.000 медимни пченица од регионите од Азија, придодадени на Род и. Исто така, давам команда за преместување на гарнизонот, што јас го оставив таму.Свештениците во Египет да бидат наградени со 2.000 таланти единици злато од јавниот приход.

6. Јас Александар Македонски не сакам моето тело да биде закопано,да биде фрлeно во реката Еуфрат, секако да не се знае местото на МОЈОТ гроб.

7. На Тебјаните од Беотија, да им се доделат 300 таланти за реновирање на нивниот град, а на оние што принудно избегаа од таму како резултат на војната, им го надокнадувам нивниот имот од кој ги лишив. Сметам дека достатно беа казнети со нивната сесрдна опозиција кон мене. На Атињаните да им се додели златен трон за храмот во Минерва и златни службени алишта. Моето лично оружје и одликувања и 1000 таланти единици сребро да се остави во храмот на Хера на Арг, додека во храмот на Иле во Делфи сите слоновски оружја и две кожи од змии, а воедно и 100 златни суди садови со кои се чествувале Боговите. На народот Милес и од Книдија да им се доделат по 150 сребрени таланти.




8. Тасе (Таџил) да биде владетел на оние делови од Индија кои граничат со Индиската река, Пoр (Пер) на оние делови помеѓу реката Хидаспес и Хиндус. Го назначувам таткото на мојата жена, Роскана, за владетел на Паропанисада и Сибиртија, да владее со Арахосија и Кедросија. Командата ја предаваме на Стамен (Стасанор) од Соли за да владее со Арија и Арангија.
Филип да владее со Бактријците. Партеја што ја придружува Хиркалија јас ја давам на Фратафернеј, а Карманија на Тлеполем. Пеце (Пеуцестас) треба да владее над Персијанците. Од сите владеења да биде изоставен Оксидат, а Кратер да владее со Медеа. Аргир (Аргaj) да биде отстранет од Сусија, а Коен (Kоeн) да владее наместо него.

9. За владател на Илирите го назначувам Холкија и го наградувам со орден од 500 реквирирани, одземени коњи и 3000 таланти сребреници, кои треба да ги искористи за правање статуи на Александар, Иле, Минерва, Херкул, Олимпија и мојот татко Филип и нив да ги смести во гробницата на Олимпија. На луѓето на кои им доделив високи функции да постават позлатени статуи на Александар во Делфи, Егеа и Пела. Птоломеј да постави позлатени статуи во Египет на Александар, Иле, Минерва, Херкул, Олимпија и поранешниот владетел на Македонија, Филип Македонски.
10. Сведоци на ова да се нашиот предок Херкул, Минерва, Иле (Бог на Сонцето) и успехот на Александар. Доколку некој од наброените, постапи спротивно на моите одредби, јас ги преколнувам Македонските Богови и македонците, да не го остават неказнет за тие недела и да биде одговорен за кривоклетството пред Боговите и луѓето.                                                       

Смртта на Александар Македонски

 
                                                         
Антипатар наклеветен од василевна Олимпија за арогантно ренгенство (владеење во име на владетелот во отсуство) на Антипатар. Поради тоа на Антипатар му било наредено од страна на Александар Македонски да дојде во Вавилон за да се одбра...ни од тие клевети. За лошото владеење од страна на македонските благородници со сигурност се знае дека Александар ги погубувал ПА ЗАТОА АНТИПАТАР го праќа неговиот син Касандар како негов бранител.Касандар кога стасал во Вавилон увидел можност: МУ НАРЕДУВА НА СВОЈОТ ПОМАЛ БРАТ кој служел како паж (слуга од доверба) кај Александар да го отруе Хефестион со тоа и да го проба ефектот на отровот што го донел со себе. Причината за смртта на Хефестион не се утврдила ,..
Во Вавилон, Александар Македонски лично го надгледувал градењето на една поморска база, каде Македонци, Вавилонци, Индијци и Персијци работеле и учеле од Феникијците, највештите бродоградители во древниот свет. После една од прославите во чест на пуштањето во работа на нивната нова база, Александар добил треска, по една вечер на која обилно се пиело.
ТАКА ПО НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ КОГА СИТУАЦИЈАТА ОКОЛУ СМРТТА НА ХЕФЕСТИОН БИЛА СТИВНАТА и Александар бил ОТРУЕН НА ИСТИОT НАЧИН КАКО И ХЕФЕСТИОН ОД СТРАНА НА ПОМАЛИОТ БРАТ НА КАСАНДАР , по наредба на истиот.
Надвор, војниците чекале вести и, кога сфатиле дека здравјето му се влошува, замолиле да влезат и да се збогуваат со него. Додека војниците се собирале крај неговиот кревет, тој бил премногу омалаксан за да зборува - но им возвратил на нивните поздрави и на секој од нив му посакал се најдобро, кимајќи со главата, мавтајќи со рака или трепкајќи со очите.
На 10 или 11 јуни 323 г.п.н.е, Александар починал во Вавилон. Тоа било само еден месец пред да наполни 33 години.
Пред да умре Александар го прашале кој да го наследи а Александар одговорил Кратерој , НЕ нај силниот, КРАТЕР - KPATEPOY, неговиот генерал, како што е Алехандрој - ΑΛΕΞΑΝΔΡOY, Филипој - ФIΛIППОY , желбата на Александар Македонски не била усвоена од другите по амбициозни генерали, и не само таа и многу заповеди на Александар Македонски.
Опис на погребната кола и на целата погребна церемонија на Александар Македонски:
“Првин со чекан направиле златен ковчег, според големината на телото (на Александар); него до половина го исполниле со миризливи материи, за да шири пријатна ...миризба и да го сочува телото од распаѓање;
Над ковчегот поставиле златен капак, така точно прилагоден, што ја опкружувал целата надворешна страна (на ковчегот). Над сето ова префрлиле порфирана прекривка, прекрасно извезена со злато; околу неа се наоѓало оружјето на починатиот, со што се давал увид во делата што тој ги извршил.
Потоа довлекле кола, на којашто требало да се пренесува телото; на горниот дел од колата се наоѓала златна сводеста “одаја“, направена од скапоцени камења; таа била долга осум а широка десет лакти.
Под врвот на сводот од одајата се наоѓал квадратен златен трон, на кој биле претставени глави од “трагелафи“ во величина од две дланки; на прстени, како украс биле прицврстени разнобојни венчиња, како цветови;
На врвот имало мрежеста завеса, на која виселе огромни ѕвонци, за да може од далеку да се слушне дека колата се наближува;На аглите од сводот, на секоја страна стоела Победа, со трофеј во рацете;
Сводот бил држен од златен перистил со јонски капители; внатре во перистолот, се наоѓала златна мрежа, со дебелина од еден прст, над којашто паралелно биле поставени по четири плочи, на коишто имало претставени фигури; овие плочи биле еднакви по величина со ѕидовите на “гробната одаја“.
На првата плоча се гледа колесница, богато изработена од метал; на неа седи Александар со убав жезол во раката; околу кралот под оружје врви Македонската гарда и Персијци, наречени “мелифори“; пред нив оделе војници, што го носеле оружјето;
На втората плоча била претставена колона слонови, украсени според воениот обичај; на нив, на чело јавале Инди, а одзади Македонци, со нивното вообичаено оружје;
На третата плоча се гледаат коњичките чети, коишто прикажуваат како се развива една битка;
На четвртата плоча се претствени кораби, подредени за битка; На влезот од оваа “одаја“ се наоѓале златни лавови, коишто како да гледале во оние, што влегуваат внатре; Од средината на секој столб нагоре, се до капителите се издигал златен акант;
Над “сводестата одаја“ над средината на сводот, на отворено бил прострен порфилен килим, на кој што била положена голема златна круна со маслинови гранчиња; кога сонцето со своите зраци ќе ја допрело, создавале молскава и треперлива светлина, така што одвреме, навреме, како да предизвикувала молњи;
Од страните на колата, над којашто се наоѓала целата оваа градба, стрчеле по две оски, на коишто се вртеле четири персиски тркала, чиишто пречки биле позлатени; само оној дел од тркалата, што допирал до земјата, бил железен; Крајните делови на оските, што стрчеле биле од злато и на нив имало златни лавовски глави, чиишто усти држеле копје;
Околу средината на должината на колата, во средишниот дел на “одајата“ , се наоѓала механичка оска, којашто, на сета оваа градба и давала рамнотежа, за да може колата да се движи без нишање и на нерамни места; Имало четири процепа; на секој од нив бил прицврстен четворен ред јарем; на секој јарем јарем биле врзани по четири мазги, такашто вкупниот број на мазгите бил шеесет и четири; тие биле највнимателно одбрани според големината и силата.
Секоја мазга на главата имала позлатена круна, од двете страни на устата им виселе по две ѕвона; околу вратот имале ѓердани од скапоцени камења. “

Александар МАКЕДОНСКИ во странските легенди

   


Занимливо е тоа што денес Алекдандар е во меморијата на луѓето " КАКО ТОЈ ШЕТАЛ СО ЈАРЕШКИ РОГОВИ"..бидејќи Александар имал дијадема на лик од јарешки рогови така што го имитирал Дион .
Постојат легенди за Александар Македонски кај повеќе народи! Византиската легенда била објавена во 1388 година! Грандиозната улога која Александар Македонски ја одиграл во светската историја, го ...направила да биде најпознатиот Македонец на сите времиња. Неговите походи, најмногу остварени поради желбата да открива нови територии и да доаѓа до нови сознанија, како и неговите пораки за братство меѓу народите, направиле тој да биде почитуван до ден денес. Неговиот лик останал во позитивна конотација во легендите и во преданијата на многу народи. Легендите и преданијата за Александар почнале да се јавуваат и да се развиваат уште непосредно по неговата смрт.
Со текот на времето тие добивале сè пофантастични елементи во својата содржина. Така, во некои од нив, Александар ги истражува необичните појави на небото и под водата, наидува на најразлични чудовишта, се среќава со чудни народи, доаѓа до изворот на бесмртност и сл. Се смета дека легендите и преданијата за Александар добиле силен импулс во средниот век. Познатиот проучувач на оваа тема д-р Елис, откако ги проучил легендите и преданијата за Александар, заклучил:
"Легендите за Александар, вистинити или фалшливи, ги има на осумдесет јазика, од Исланд до Малезија" ("History of Western Civilization" by Dr Ellis L. Knox Boise State University, USA, 1996).
И навистина, тешко дека постои случај на друга личност од историјата за која постојат легенди меѓу најмалку осумдесет народи. Во врска со општите карактеристики на овие легенди и преданија, во продолжение на својот текст д-р Елис пишува:
"Сè што е поврзано со Александар е презголемено во однос на нормалното, како во неговите истражувања кои навистина се случиле, така и во оние кои биле измислени. Низ целата древнина големите војсководци сонувале да го имитираат Александар. Во средниот век неговиот лик станал неодминлива фигура во легендите".
За легендите од разни народи, поврзани со Александар Македонски, денес во светот се напишани повеќе статии и книги. Во 1977 година во Гронинген (Холандија) бил одржан и симпозиум на тема за преданијата и легендите поврзани со смртта на Александар Македонски. Трудовите од овој симпозиум биле објавени во зборникот "Александар Велики во средниот век" ("Alexander the Great in Middle Ages" Groningen, Netherlands, 1977). 
Во поново време, треба да се одбележи книгата на Ричард Стонмен, под наслов "Легендите за Александар Велики" (Richard Stoneman: "Legends of Alexander the Great. London and Rut- land, Vermont: J. M. Dent and Charles E. Tuttle, 1994), од која во продолжение ќе наведеме неколку податоци. Има и други книги делумно посветени на оваа тема, кои ќе ги спомнеме во продолжение. Поради фактот што Александар Македонски се појавува во легендите на толкав број народи, сигурно дека за таа тема треба и кај нас да се изработи посебен труд. 


                                                                                                             

ИРАЧКА ЛЕГЕНДА:


Во оваа легенда се раскажува дека Александар Македонски на врвот на главата имал два рога, кои ги криел под косата. Секоја седмица тој ангажирал берберин да му ја стриже косата, но бидејќи се срамел дека берберинот ќе ја откр...ие неговата тајна, по секое стрижење веднаш наредувал берберинот да се убие. Набрзо во градот снемало бербери и останал само еден стар Евреин. Александар помислил:
"Ако го убијам и овој берберин, тогаш кој ќе ми ја стриже косата?"Така, Александар му наредил на берберинот да се заколне дека никому нема да му ја издаде тајната. Во спротивно, му се заканил дека ќе ја изгуби главата. Берберинот со недели ја чувал тајната, но најпосле не можел да издржи. Од една страна, интересното сознание го притискало да каже некому, но од друга, се плашел за својата глава. Тогаш му текнало сепак да ја искаже својата тајна, но никој да не го слушне. Отишол надвор од градот и влегол во една пештера, каде на цел глас почнал да вика:
"Александар има рогови! Александар има рогови!"
Така му се олеснило на душата и задоволен се вратил дома, сигурен дека никој не го слушнал. Но, низ пештерата минувала една рекичка, покрај која растеле трски. Еден ден, некој овчар влегол во пештерата и пресекол трска за да си направи свиралка. Кога почнал да свири, низ свиралката се разлеале зборовите:
"Александар има рогови! Александар има рогови!"
Многумина го слушнале тоа и ова чудо набрзо дошло до ушите на царот Александар. Тој многу се налутил и наредил веднаш да му го доведат берберинот. Кога дошол берберинот, Александар му рекол дека ќе нареди да го убијат. Берберинот почнал да го моли Александар да не го убива и му раскажал што се случило. Александар, кога ја слушнал приказната, му простил и го пуштил дома.
Од оваа легенда произлегла една мудра и помалку комична ирачка поговорка, која гласи:
"Ако царевите можат да имаат рогови, тогаш и пештерите можат да имаат уши" (Iraqi Jewish legend; Edoth I: 184-185 A. Ben Yaakov. English language source: Patai. In: The Classic Tales: 4,000 Years of Jewish Lore. Ed. Ellen Frankel NJ: Jason Aronson Inc., 1989).





ВИЗАНТИСКА ЛЕГЕНДА:

Постои византиска легенда поврзана со причините за смртта на Александар Македонски. Оваа легенда била објавена во 1388 година. Според неа, кога Александар се вратил во Вавилон, некоја жена родила необично дете, кое било п...оловина човек - половина чудовиште. Човечкиот дел од телото бил мртов, а делот на чудовиштето жив. Кога го видел ова, еден од претскажувачите на Александар изјавил дека Александар ќе умре во Вавилон, а неговите наследници ќе продолжат да владеат. Така и се случило. Во Македонија, Антипатер се побунил против власта на Александар, поради што Олимпија го повикала Александар на помош.
За да го спречи неговото враќање, Антипатер испратил отров, кој бил толку силен, што морал да се носи во железна кутија. Отровот бил ставен во виното на Александар од страна на неговиот виноносец Јола. Додека Александар умирал неговата сопруга Роксана го негувала до последниот момент. Пред смртта, Александар ги повикал Пердика, Птолемеј и Лизимах, на кои им ја кажал својата последна желба. Потоа Александар заминал на небото, а оттаму една ѕвезда паднала право во морето. Истовремено, статуата на Ce во Вавилон се урнала на земјата. Потоа ѕвездата од морето повторно се вратила на небото, следена од еден орел. Александар бил погребан во Александрија од страна на Птолемеј (W.J. Aerts in: "Alexander the Great in Middle Ages", Groningen, Netherlands, 1977).

Алфонсо Десетти од Кастиља во 1280 година објавил легенда за Александар Македонски!

И персискиот поет Нисами во 12 век објавил легенда за Александар Македонски!

Романската легенда за Александар Македонски најверојатно потекнува од 1560 година. Нејзината содржина е слична на содржината на една српска легенда за Александар. И оваа легенда е посветена на смртта на Александар во Вавилон. Кога Александар се вратил во Вавилон, тој таму повторно се соединил со Роксана. Тогаш на сон му излегол пророкот Еремија, кој му ја претскажал смртта. Александар се разбудил вознемирен, но го утешиле Птолемеј и Филота. Тогаш Аристотел и Олимпија дошле во Вавилон. Еден свештеник од Ерусалим пристигнал во Вавилон и го известил Александар дека пророкот Еремија починал. Александар наредил Еремија да биде погребан во Александрија. Но, и Александар бил убиен откако го отрул синот на Минерва, која потекнувала од Македонија. Пред смртта Александар им ја поделил империјата на Птолемеј, Филота, Роксана и Олимпија. Претскажал дека во иднина со Македонија ќе владее некоја азиска сила (мислејќи на Отоманската империја). Тој побарал да биде погребан во Александрија и рекол дека никогаш нема да се појави човек како него т.е. дека никогаш нема да има "втор Александар". Тогаш, покрај посмртната постела дошол неговиот коњ Букефал и пуштил солзи поради својот господар. За да не се мачи Александар во претсмртната агонија, Букефал го удрил со копитата и така тој починал. Александар починал во Ерусалим и по него жалеле сите шуми, реки и планини. Од жал, Роксана извршила самоубиство, откако се прободела со копјето на Александар (A.N. Cizek in "Alexander the Great in Middle Ages" Groningen, Netherlands, 1977).



ШПАНСКА ЛЕГЕНДА:

Шпанската легенда за Александар Македонски е објавена во 1280 година од страна на Алфонсо Десетти од Кастиља. Според оваа легенда, една жена родила половина човек, а половина чудовиште. Претскажувачот на Александар Македонски ова го објаснил со зборовите дека Александар набрзо ќе умре и дека ќе има војна меѓу неговите наследници. Потоа Александар и навистина бил отруен, а отровот го подготвил Антипатер, кој го испратил од Македонија во железна кутија. Отровот го донел синот на Антипатер, по име Касандар и му го дал на Јола, кој кришум го сипал во виното на Александар. Откако Александар сфатил дека ќе умре, се обидел да се самоубие, фрлајќи се во Еуфрат, но Роксана го спасила. Пред да умре Александар ја кажал својата последна желба. Тој рекол дека сака да биде погребан во Александрија и дал инструкции за својот погреб и за гробот. Во моментот кога умирал Вавилон бил погоден од силна бура и од земјотрес, а настапило и затемнување на Сонцето. Пред да умре испратил писмо до Олимпија, во кое побарал таа да организира голема прослава по неговата смрт. Таа постапила така, но никој од поканетите не дошол на прославата. Александар бил погребан во Александрија во златен ковчег. (W.L. Jonnxis-Henkemans in: "Alexander the Great in Middle Ages" Groningen, Netherlands, 1977).

ПЕРСИСКА ЛЕГЕНДА:

Оваа легенда за Александар Македонски ја запишал персискиот поет Нисами во 12 век. Според нејзината содржина, за време на својата експедиција кон исток, Александар дошол и во Кина, каде пристигнал од Индија преку Тибет. Нисами го опишал натпреварот меѓу уметниците кои Александар ги водел со себе и кинеските уметници (Улрих Вилкен, цит. дело, с. 351).

ХОЛАНДСКА ЛЕГЕНДА:
Холандската легенда за Александар Македонски била објавена околу 1260 година од монахот Јаков ван Мерлант. 
Според оваа легенда, овој свет за Александар бил премал, па затоа тој одлучил да освојува и други светови. Тоа ги налутило натприродните сили, кои решиле да му се одмаздат. Така, суштествата од пеколот создале отров, кој бил доволно силен за да го убие Александар. Овој отров тие му го дале на Антипатер. Во меѓувреме, Александар напредувал во Индија, заедно со својот нов сојузник Пор. Тој дошол во пределите во кои претходно не стапнале ниту луѓето, ниту боговите.
Во една од тие земји тој наишол на две дрва - Дрвото на месечината и Дрвото на сонцето. На овие дрва се појавила пораката за неговата блиска смрт. Тоа го виделе и неговите војници, кои го придружувале, но Александар ги предупредил да не ја шират веста. Кога се вратил во Вавилон, Александар примил пратеници од Галија, Картагина, Германија, Шпанија, Италија, Сицилија, Британија, Норвешка и Данска. Кога тие го виделе Пор веднаш до него, сфатиле дека Александар е цар, кој лесно простува и дека е најдобро да му се предадат. Им кажал дека сака да го освои цел свет. Но, следното утро Александар бил отруен, откако се напил од виното во кое бил ставен отровот.
Пред смртта им кажал на своите војници дека четири џинови планирале да го освојат рајот и да го симнат од власт неговиот татко Јупитер, па затоа боговите решиле да го повикаат Александар на небото за да војува против џиновите и да му помогне на татко му. Потоа Александар умрел. Така, човекот за кој цел свет бил мал, останал да лежи во гроб од пет стапки. Подоцна, Птолемеј го префрлил неговото тело во Александрија (K.A. de Graaf in: "Alexander the Great in Mid- dle Ages" Groningen, Netherlands, 1977).

Македонија во картата на светот според Клавдиј Птоломеј (ок.100-178 г.н.е.)

                     





                                                

МАКЕДОНИЈА (ПЕЛАЗГИ)

BО ПОТРАГА НА НАШАТА МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА ТРЕБА ДА СЕ РАЗЈАСНАТ НЕКОИ БИТНИ РАБОТИ.
Да се разбереме една многу важна работа АНТИЧКИ ХЕЛЛЕНИ ИЛИ ГРЦИ или држава НЕМА .
ИМЕТО ''Грци'' - GRECI - на народите или ЕКС ГРАДОВИТЕ ДРЖАВИ под пре...минот Термобили им го даваат римјаните ПОСЛЕ БИТКАТА НА МЕСТОТО ГРЕКО . ЗНАЧИ НИВНОТО ИМЕ И БИЛО НАМЕТНАТО ОД СТРАНА НА РИМЈАНИТЕ.Греко било едно мало место населено со крадци и измамници . Греко на нивниот јазик значи крадец и измамник.КОГА СЕ ФОРМИРАЛО ПРВОТО ГРЧКО КРАЛСТВО ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА 1829 НА ЧЕЛО СО ЕДЕН АВСТРИСКИ КРАЛ , ГРЦИТЕ ПАК СИ ГО МЕНАТ ИМЕТО ВО ХЕЛЛАС ИЛИ ЕЛЛАС ....кога сватиле што значи нивното име. НИКОГАШ ПРЕД 1829 НЕМАЛО ХЕЛЛЕНИ ИЛИ ГРЦИ ИЛИ ХЕЛЛЕНСКА ИЛИ ГРЧКА ДРЖАВА.
Попознати градови држава од времето на 4 век п.н.е кои биле во контакт со Македонците се : 

- Теба кој основачи биле феникијците 
- Атина кој прво бил пелазгиски град но потоа бил освоен од пирати од Јонија, земја во Мало Азија (СОНАРОДНИЦИ НА АТИЊАНИТЕ) и нормално тие зборувале различен јазик од пелазгите,..потоа пелазгите од таа зона биле претопени .

- Спарта кој бил оформен од воени ветерани и вечен ривал на Атина и како робови имале пелазги што работеле на полињата за нив.
Другите биле Пелазги како што се Коринт. ДОДЕКА Етолија, Акаранија Епир И Тесалија биле монархии и не биле градови држави . Hивните корени се од пелазгиско потекло.

ПЕЛАЗГИ НЕ СЕ НИШТО ДРУГО ОСВЕН БЕЛЦИ - БЕЛИ  белиот народ .. ПЕЛА - БЕЛА - ПЕЛАСКИ - ПEЛАЗГИ ЗНАЧИ : ПЕЛАЗГИ ИЛИ ПЕЛАСКИ (PELAZGIANS) БИЛО БЕЛОТО ДОМОРОДНО НАСЕЛЕНИЕ ОД ЈУЖНИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ КОЈ ПОДОЦНА Е ПРЕИМЕНУВАН К...АКО ''БАЛКАНСКИ ПОЛУОСТРОВ'' КАКО И НЕГОВОТО ДОМОРОДНО НАСЕЛЕНИЕ ШТО ПОВЕЌЕ ПАТИ БИЛО ПРОБАНО ДА СЕ ПРЕИМЕНУВА И АСИМИЛИРА НИЗ ВЕКОВИТЕ ПA И CE ДО ДЕН ДЕНЕШЕН.